16
авг
2014
Класичен мармалад од праски
Со оглед на тоа што нашите пазари тежат од праски по 10-15 денари, греота е да не се користат, за мармалад, пити, колачи
Ем здраво, ем вкусно....
Значи праските се лупат и се сечкаат на парчиња.
Се ставаат во тенџере, се наросува лимонтусот и се става шеќерот.
Се варат на тивко околу 15 минути и со стапчест миксер се мелат во самото тенџере.
До колку немате стапчест миксер, пред варење се мелат на машина за месо.
Се варат оклу 1 час, односно до посакуваната густина.
Се проба на чисто тањирче по 1 лажичка за густината.
Се собира во топли тегли топлиот мармалад.
Лиценца: Сите права се задржани
Со здравје да си го јадите мармаладот, убав :)