Сезона на киви, банани, портокали...Па освен свежи , може и да ги заблажиме и конзервираме. Еве еден рецепт за вкусно мармаладче од киви и банани.

1. Кивито и бананите ги лупиме и ги ставаме во блендер да се направи каша од нив.
2. Ја залеваме кашата со сок од половина лимон, го додаваме шеќерот и желатинот кој го раствораме во околу 30 мл вода. Тука ја додаваме и изренданата кора од портокал.
3. Го вариме само 5 до 7 минути.
4. При крај може да додадете и арома на киви, ама не е задолжително. Со аромата се подобрува вкусот, а и бојата, бидејќи кивито ја губи убавата зелена боја при варењето.
5. Жешкиот мармалад сипете го во топла тегла.

Од оваа доза на продукти мене ми излезе 1 полна тегла мармалад и едно мало чинивче ( го полапавме на брзина). Инаку може да се стави кора од една мандарина, место кора од портокал, ама јас немав во моментот дома. Со шеќерот може да калкулирате, ако не сакате да ви биде многу благ мармаладот, или пак ако го сакате повеќе благ. Иако на почетокот кога ќе го ставате во тегла изгледа редок, кога ќе се излади си ја добива потребната густина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани