Маринирано свинско месо со зеленчук
1.Месото го сечеме на покрупни парчиња додаваме сенф,кромид,масло и црвеното вино.Во оваа маринада оставете го да одстои една ноќ.
Утредента на месото со маринада му досипуваме вода околу еден литар ги додаваме морковите и заедно оставаме на тивко да се вари околу еден час.
2.По еден час кромидот го пасираме морковот го сецкаме и целата смеса ја сипуваме во тава за печење.Во оваа фаза го додавам грашокот,ориганото и сите останати зачини.
3.Пред да го ставиме во рерна во тава за пржење ги пржиме печурките и на самиот крај ја додаваме неуталната павлака и оваа смеса сипете ја во тавата.
Месото го крчкаме во рерна на 200степени половина час.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани