Мантии со праз (посно)
Мантиите се еден вид на пита кој најчесто се прават со фил од месо или сирење. Нивниот вкус е фантастичен и за да се направат треба малку повеќе труд кој секако дека на крајот се исплаќа. Сепак таа е мрсна варијанта на мантиите, па затоа решив да ги припремам овојпат со фил од праз како посна варијанта... И воопшто не погрешив, превкусни се, за мене и за мојот сопруг дури и повкусни од мрсните мантии.
1. Најпрво се подготвува празот, кој го сецкаме на помали парчиња и го пржиме на загреано масло додека да омекне- посолуваме по вкус.
2. Потоа го замесуваме тестото од наведените состојки додека не добиеме убаво мазно тесто кое не лепи и го делиме на 3 дела (секој дел има околу 200гр). Сите 3 дела ги расукуваме колку мала чинија, ги намрсуваме убаво од двете страни, ги покриваме со стреч фолија и ги оставаме да одморат барем пола до еден час, време кое е доволно да се упие маслото во тестото и притоа да се тегне лесно кората.
3. Потоа почнуваме со тегнењето на првата кора. Ја земаме кората, ја префрламе на масата на која сме послале чаршаф, полека од средината тегнеме кон надворешниот дел, вртејќи буквално круг околу масата... Дел по дел се тегне се додека тестото не стане проѕирно. Краевите кои се малку задебелени ги одстрануваме со помош на нож. Кората ја прскаме насекаде со масло, потоа ставаме од зајрето на двете спротивни страни кои ги завиткуваме со помош на чаршафот до средината. Кората ја пресекуваме на средината и на овој начин сме добиле две ролни, кои ги засекуваме на мали парчиња од околу 5см. Добиените парчиња ги завиткуваме на краевите и ги редиме во намрсено тавче број 24.
4. Постапката ја повторуваме со останатите 2 дела. Наредените мантии ги премачуваме одозгора со масло. Печеме во загреана рерна на 250 степени до заруменување. Откако ќе се испечат мантиите ги премачкуваме со мешавина од вода и масло за јадење.
Уживајте во убавиот вкус и мирис на овие мантии со праз кои се буквално лапни-голтни!
Лиценца: Сите права се задржани
Mn ubavi sim
Многу беа вкусни :)
Ти благодарам, здравје да имате :)