Маргаринот/путерот претходно треба да биде отстојан на собна температура да биде малку омекнат. Во него се додава шеќерот и се мати додека смесата убаво не се изедначи. Ги додаваме жолчките од јајцата и пак матиме, потоа ја додаваме кора од лимон и сокот. Ги додаваме и брашното, прашок за пециво, бадемите, макот и млекото и благо промешајте со лажица да се изедначат состојките.
Белките изматете ги со нотка сол во цврст снег потоа додадете 1 лаж масло и 1 лаж шеќер и повторно изматете. Беланецот малку по малку соединте со благо промешување соединете ја во смесата со жолчките. Калап бр. 24 намрсен и пробрашнете сипете ја смесата и печете во претходно загреена релна на 180 околу 40 минути. Можете да ја декорирате со чоколадна глазура, шлаг, а може и само така да ја служите. Јас додадов и 1 лаж какао, но тоа не беше според рецептот вие како сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови