Лутенка со кинати пиперки
Кога сум веќе кај пиперките...Еве уште еден добар рецепт по кој ја правам лутенката. Годинава ја направив блага,(ќе треба да и го сменам името) без додаток на лутите пиперчиња, а вие како милувате....
Пиперките се печат, лупат, им се вадат рачките и семките и се оставаат да се исцедат преку ноќ. Потоа се кинат, цепкаат. Треба да имаме 3кг. исцедени пиперки.
Доматите се мерат живи, па се печат и мелат.
Лутите пиперчиња откако убаво ќе се измијат, им се потсекуваат рачките и се пропржуваат во врело масло. Се цедат и вадат од маслото.
Постапката на подготовка иста како кај малиџаното.
Маслото се загрева, па се додава киселината и шеќерот.
На ред се доматите и сол по вкус. Се вари додека се добие убава салца.
Се додаваат кинатите пиперки. Постојано се меша додека се пржи. По потреба се додава сол.
Пред да е готова се додава лукот, јас додавам неколку чешниња и тоа цели, а можи и повеќе, значи по вкус. Исто и магдонос тогаш се додава, сецкан и не мора да е цела киска. Се додава и сенфот.
Се собира жешко во жешки тегли, завиткано во старо ќебе и се остава така да излади.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани