Испечати

Лутенка со кинати пиперки

Лутенка со кинати пиперки

Состојки

  • 3кг.печени и исцедени црвени пиперки
  • 2,5кг. црвени домати
  • 200гр. лути пиперчиња
  • 1л. масло
  • 100гр. шеќер
  • 100мл. винска киселина
  • по вкус сол
  • 1 киска магдонос
  • по вкус (3-4 чешниња) лук -можи и повеќе
  • 1 лажица сенф

Подготовка

Кога сум веќе кај пиперките...Еве уште еден добар рецепт по кој ја правам лутенката. Годинава ја направив блага,(ќе треба да и го сменам името) без додаток на лутите пиперчиња, а вие како милувате....

Пиперките се печат, лупат, им се вадат рачките и семките и се оставаат да се исцедат преку ноќ. Потоа се кинат, цепкаат. Треба да имаме 3кг. исцедени пиперки.
Доматите се мерат живи, па се печат и мелат.
Лутите пиперчиња откако убаво ќе се измијат, им се потсекуваат рачките и се пропржуваат во врело масло. Се цедат и вадат од маслото.

Постапката на подготовка иста како кај малиџаното.
Маслото се загрева, па се додава киселината и шеќерот.
На ред се доматите и сол по вкус. Се вари додека се добие убава салца.
Се додаваат кинатите пиперки. Постојано се меша додека се пржи. По потреба се додава сол.
Пред да е готова се додава лукот, јас додавам неколку чешниња и тоа цели, а можи и повеќе, значи по вкус. Исто и магдонос тогаш се додава, сецкан и не мора да е цела киска. Се додава и сенфот.

Се собира жешко во жешки тегли, завиткано во старо ќебе и се остава така да излади.
На здравје!