Лутеница ОРО
Оро - оро... од што е многу лута - можеби и затоа го има ова име.
Ако некој некогаш купил готова лутица ОРО е рецептот е токму тој, ако му се бендисала - тогаш веќе и ќе си ја прави. Го имам од една пријателка од БГ
Но кој не сака толку многу луто, тогаш малку лути пиперки, малку благи и таман дотерана за вкус само малку да е пикантна, јас така ја сакам, а маж ми ја сака баш ОРО оригинал... мноооогу лута,
Припрема
- Излупете ги патлиџаните и здробете ако сакате и сомелете. Ставете да се вари се додека не се згусти.
- Испечените и излупени пиперки сомелете, додадете во веќе згустаниот патлиџан, додадете го зејтинот, оцетот, шеќерот и солта. Варете се додека не забележите дека почнува да сјае, зејтинот малку се познава, значи почнува да мириса на пржено.
На самиот крај доколку сакате додадете го биберот, кимот, или пак лукот...што сакате од зачин тоа додадете... јас буквално ништо не ставам.
Напомена
Во ваквите зимници каде што има шеќер јас редовно го правам истото, имено во касерола го ставам шеќерот и го карамелизирам, веднаш му ставам од патлиџанот (отцрпам едно 2-3 филџана) го додавам зејтинот и оцетот и тивко вари се додека се стопи шеќерот, па потоа кога го ставам пиперот, вака приготвената саламура ја додавам и продолжувам да го пржам. Ова не зради нешто друго...туку поубав некако ми е вкусот. Така правам и на мармеладите во поголем број случаи...
Ќе оцените дека според количината на состојките - малку излегува. Од двојна доза наполнив 10 тегличиња од по 300 мл.
Лиценца: Сите права се задржани