Луди Копани
Овие „луди копани„ уште кога ги видов на социјалните мрежи ме воодушевија, ама ете сега им дојде редот да ги направам и не се покајав воопшто. Одсега ќе бидат често застапени на моето мени...топло ви ги препорачувам и на вас.
Подготовката е на следниот начин -
1. Најпрво ги вариме копаните (околу 1 час)
2. И компирите ги ставаме да се варат во посебен сад.
3. Месото го тргаме од коската и ситно го сецкаме (коската не ја фрламе)
4. Компирите ги гмечиме како за пире (без додавање на ништо друго)
5. Во Делимано Џој сецкото ставаме дел од сецканото месо и дел од компирите (бидејќи количината е поголема на два пати), ги додаваме и зачините, повлекуваме со рачката неколку пати додека се соединат добро состојките.
6. Добиената смеса ја ставаме околу коската и формираме копанче.
7. Ги оставаме околу пола час во фрижидер, па потоа ги поховаме еднаш во брашно, потоа во јајце, па презла....пак во јајце и во презла.
8. Пржиме во загреано масло на средна температура и ги вртиме убаво од сите страни да се испржат.
9. Ги вадиме врз хартиена салфета.
Совет - Ако ви остане дел од смесата (во зависност од големината на компирите) тогаш остатокот направете го како крокети, или можете да додадете повеќе компири за да добиете повеќе од смесата.
Во средината на секоја крокета можете да ставите мало парче кашкавал за збогатување на вкусот, иако и без него се превкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови