15
ное
2013
Лиснати триаголници со еурокрем и маскарпоне
Лиснатото тесто исечете го на 12 квадрати.
Еурокремот измешајте го со маскарпонето.
Во средината на секој квадрат нанесете од мешавината еурокрем-маскарпоне и преклопете ги во вид на триаголник.
Убаво затворете ги краевите првин со вилушка, а потоа притиснете и со раце.
Премачкајте ги со разматено јајце и печете на 180 степени, 15-20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани