Испечати

Лиснати триаголници со еурокрем и маскарпоне

Лиснати триаголници со еурокрем и маскарпоне

Состојки

  • 275гр. готово правоаголно лиснато тесто
  • 4 лажици еурокрем
  • 3 лажици маскарпоне
  • 1 јајце

Подготовка

Лиснатото тесто исечете го на 12 квадрати.
Еурокремот измешајте го со маскарпонето.
Во средината на секој квадрат нанесете од мешавината еурокрем-маскарпоне и преклопете ги во вид на триаголник.
Убаво затворете ги краевите првин со вилушка, а потоа притиснете и со раце.
Премачкајте ги со разматено јајце и печете на 180 степени, 15-20 минути.