Подготовка:

1. Квасецот го дробиме со рака и го ставаме во шолја, додаваме малку млако млеко, шеќер и половина лажица брашно, промешуваме и оставаме 10тина минути да се активира.
2. Во длабок сад ги ставаме брашното и шеќерот, промешуваме. На едниот крај ја ставаме солта, а на другиот активираниот квасец, замесуваме. Го додаваме маслото и постепено ги додаваме млекото и водата, месиме со рака. По потреба додаваме уште малку брашно. Тестото го покриваме со проѕирна фолија и го ставаме во фрижидер 2 часа. Путерот го ставаме меѓу две најлонски фолии и го расукуваме во димензии 20х20 см, оставаме во фрижидер.
3. Тестото го расукуваме на набрашнета површина во димензии 40х30 см, на средина го ставаме путерот и преклопуваме од сите страни. Го расукуваме тестото во димензии околу 60х30 см. Од подолгата странам една третина преклопуваме преку средната, а после и втората третина ја преклопуваме врз средината. Завиткуваме во најлонска фолија и оставаме во фрижидер 1,5 часа. Постапката ја повторуваме уште два пати. Пред формирање на кроасаните тестото да стои во фрижидер 2 часа.
4. Тестото го расукуваме на набрашнета површина во димензии околу 60х30 см, дебелината да биде 5 мм. Сечиме триаголници, кај поширокиот крај ставаме по 1 лажице крем од фстак или еурокрем. Ги виткаме, но не премногу цврсто. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Јајцето го матиме со виљушка и со него ги премачкуваме кроасаните. Оставаме да нараснат 1 час. Ги премачкуваме уште еднас со јајце.
5. Печиме во загреана рерна со вентилатор на 220 степени 5 минути, а потоа намалуваме на 180 уште 10тина минути зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани