Квасецот убаво се меша со шеќерот, па се додава млакото млеко и повторно се меша додека шеќерот и квасецот не се стопат целосно во млекото.

Во посебен сад се става брашното во кое се вмешува солта. Се додава омекнатиот путер кој убаво се раздробува во брашното. Се додава и растопениот квасец. Се замесува тесто, се формира правоаголна форма, се витка во најлонска фолија и се става во фрижидер да се стегне 30 мин.

На набрашнета површина, стегнатото тесто се расукува во правоаголна кора. Кората по должина се преклопува од двете страни до средината, па одозгора се расукува во должина во правец на преклопените линии, повторно се преклопува по должина од двете страни до средината (овие линии ке дојдат попречно од претходните). Тестото се превртува така што преклопениот дел да дојде одоздола на набрешнатата површина и повторно се расукува и по должина и по ширина да се добие правоаголна кора.
Добиена кора се преклопува и расукува на истиот начин уште три пати.

Откога ќе заврши фазата на сукање, тестото се преклопува, се витка во најлонска фолија и се става во фрижидер да преноќи.

Потоа, на набрашнета површина се расукува правоаголна кора со димензии д=40 цм, ш=25 цм. која се сече на 7 правилни триаголници (заедно со краевите се 9), се виткаат како кифли и се ставаат во плех на хартија за печење. Се премачкуваат со изматената жолчка со млеко и се печат во добро загреана рерна 8 мин.на 230⁰Ц и 10-15 мин.на 200⁰Ц, се додека не добијат златно-кафена боја.

Јас ги полнев со парче црно чоколадо, а одозгора пред печење наросив крупен шеќер. Дел од кроасаните ги прелив со чоколаден прелив.
Јас пробав само еден гриз и навистина се одлични, мирисаат на путер, а коментарот на домашните беше-неодолив вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови