1. Се меша шеќерот во водката да се стопи. За тоа можи малку да се замлачи вотката, но јас не го сторив тоа за да не испарува алкохолот.

2. Потоа се додаваат зрелите мушмули кои претходно сме ги продупчиле неколку пати.

3. Сето ова можи да го ставите во една тегла или како мене во едно литарско шише со широк отвор.

4. Така треба да стои во темно и ладно место (не во фрижидер) 7 дена, при што неколку пати во денот се клачка (протресува).

5. Потоа се остава да стои уште најмалку 3 седмици.

6. Кога ќе го отворите со стапче за ражени издупчете ги мушмулите убаво, потоа исцедете го и соберете го во стаклено шише.

Секако, вие можите и со ракија наместо со водка да го направите, но ви препорачувам вака затоа што аромата на мушмулите вака подобро се осеќа.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови