8
мар
2019
Лешник целуфки со какао
Вистински деликатес се целуфкиве, пробајте и уверете се!
1. Белките од три јајца оставете ги на собна температура околу 2 часа.
2. Матете ги белките во цврст снег и постепено додавајте го шеќерот.
3. Додадете ги мелените лешници.
4. Додадете го какаото
5. Внимателно формирајте топчиња со големина на орев
6. Топчињата ставете ги на плех обложен со хартија и згора набодете по еден лешник
7. Оставете вака на собна температура околу половина час
8. Се печат на 170 степени околу петнаесет минути.
Уживајте!!!