Уште едни вкусни бомбици за празнично уживање.

Подготовка:

1. Водата со шеќерот, ванилата и путерот се зовриваат на кратко, околу 3 мин..
2. Се додава искршеното чоколадо и нутелата и се меша да се стопи, соедини.
3. На крај се додаваат бисквитите и лешниците, се соединува се заедно и се остава да се излади со повремени промешувања. Се лади околу 3 часа, па се формираат бомбици.
4. Формираните бомбици се валкаат во сецкани лешници. Се оставаат да се просушат на ладно место околу 24 часа.

На здравје!

п.с. Колку бисквити ќе се искористат, зависи од тоа колку пијат течност и колку сме ги наполниле лажиците со крем. Смесата е мека. Но, откако ќе се просушат бомбиците се таман. Бомбиците се формираат со влажни раце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани