Испечати

Лешник бомбици

Лешник бомбици

Состојки

  • 2 дл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 150 гр. маргарин или путер
  • 100 гр. поквалитетно чоколадо за готвење
  • 2 лажици нутела
  • 300-350 гр. мелени бисквити
  • 100 гр. печен сецкан лешник
  • по потреба сецкани потпечени лешници за валкање на бомбиците

Подготовка

Уште едни вкусни бомбици за празнично уживање.

Подготовка:

1. Водата со шеќерот, ванилата и путерот се зовриваат на кратко, околу 3 мин..
2. Се додава искршеното чоколадо и нутелата и се меша да се стопи, соедини.
3. На крај се додаваат бисквитите и лешниците, се соединува се заедно и се остава да се излади со повремени промешувања. Се лади околу 3 часа, па се формираат бомбици.
4. Формираните бомбици се валкаат во сецкани лешници. Се оставаат да се просушат на ладно место околу 24 часа.

На здравје!

п.с. Колку бисквити ќе се искористат, зависи од тоа колку пијат течност и колку сме ги наполниле лажиците со крем. Смесата е мека. Но, откако ќе се просушат бомбиците се таман. Бомбиците се формираат со влажни раце.