Летни срциња
Во сад се растопува чоколадото со лажица масло (дава сјај и добра структура иако може да се подготви и без тоа). Кога е скоро растопено се додава и румот, се промешува и се вади од огнот.
Во калапите во кои подготвуваме ставаме по една лажица од растопената чоколада (ова е мерка за 6 големи срциња). Остатокот од чоколадот рамномерно го распоредуваме.
Го подготвуваме пудингот. Штом е готов се реди рамномерно во калапите. Вака приготвени ги ставаме во фрижидер на ладење. Додека ручате десертот е спремен, ладен и лесен. Се вадат да се гледа одгоре страната со чоколадо.
* Јас украсив со малку шлаг и Харибо бомбонче во средината на срцињата. Може да се направи комбинација со чоколаден пудинг и бела чоколада, контрастот на бои изгледа убаво.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови