Летна френки манџа
Ситно исецкајте го кромидот и пиперките. Морковите изрендајте ги. Ставете ги во тенџере со масло да се пропржат кратко време.
Доматите излупете ги и издробете ги, па додадете ги во тенџерето. Додадете и една чаша вода и ситно сецканиот лук и шеќерот. Оставете на јак оган да вари околу 30на минути (зависно од јачината на вашата рингла). Мешајте повремено, особено при крајот кога ќе згустува повеќе. 10на минути пред крајот, додадете ги зачините, а 5 мин. потоа ситно сецкан магдоносот.
На крај, изматете ги јајцата и вмешајте ги во доматите. Мешајте енергично уште 4-5 минути, додека се зготват јајцата. Претурете во чинии, почекајте малку да подолади и навалете. Слободно можи да си приложите и некое масно сиренце.
Рецептот ми е од реонот на Струмица. Затоа во насловот носи име френки *_*
Лиценца: Сите права се задржани
супер манџиче :)
Klara super ti e mandzava-frenkarnikov ili makaloto po naski:
)
Лиле, не само што сакам струмички да јадам, ами и добро се трудам да им влезам во шема на говорот :)))
Дани, френките овој пат за жал не се струмички, но во предходните рецепти повеќето се. Овој пат баш за ова јадење, не стигнаа до кај мене :))) А тоа под тавчето е мојата слабост која никако да замри со тек на годините :)))