Летна френки манџа
Состојки
- 2 кг домати
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 4 пиперки
- 2 моркови
- 1 чаша вода
- 1 лажица и повеќе мешан сув зачин
- 1,5 лажиче италијански зачин
- 1 рамно лажиче сумак
- 1 лажица шеќер
- сол по вкус (ако сметате да треба)
- 5 јајца
Подготовка
Ситно исецкајте го кромидот и пиперките. Морковите изрендајте ги. Ставете ги во тенџере со масло да се пропржат кратко време.
Доматите излупете ги и издробете ги, па додадете ги во тенџерето. Додадете и една чаша вода и ситно сецканиот лук и шеќерот. Оставете на јак оган да вари околу 30на минути (зависно од јачината на вашата рингла). Мешајте повремено, особено при крајот кога ќе згустува повеќе. 10на минути пред крајот, додадете ги зачините, а 5 мин. потоа ситно сецкан магдоносот.
На крај, изматете ги јајцата и вмешајте ги во доматите. Мешајте енергично уште 4-5 минути, додека се зготват јајцата. Претурете во чинии, почекајте малку да подолади и навалете. Слободно можи да си приложите и некое масно сиренце.
Рецептот ми е од реонот на Струмица. Затоа во насловот носи име френки *_*