Еве да ја започнам Новата година со благо. Ќе ве почестам со една многу брза и лесна торта.
Се прави најпрво филот. Се вари пудингот со шеќерот и млекото и се остава да олади. Потоа се соединува со изматениот маргарин. Се мати за да се добие воздушен крем.
Бисквитите се потопуваат во млеко и се реди на првиот ред 4х4реда, значи вкупно 16 бисквити и одозгора се става 4 лажици од филот. На вториот ред се става 3х4реда -12 бисквити,  фил, 8 бисквити, фил и 4 бисквити фил. Се декорира по желба. Јас ставив чоколадни срциња од бела чоколада.На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани