Леден брег
Состојки
- 300 гр бисквити
- фил
- 500 мл млеко
- 2 пудинга од ванила
- 250 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- по желба кокос,украси од чоколадо
- 100 мл млеко за макање на бисквитите
Подготовка
Еве да ја започнам Новата година со благо. Ќе ве почестам со една многу брза и лесна торта.
Се прави најпрво филот. Се вари пудингот со шеќерот и млекото и се остава да олади. Потоа се соединува со изматениот маргарин. Се мати за да се добие воздушен крем.
Бисквитите се потопуваат во млеко и се реди на првиот ред 4х4реда, значи вкупно 16 бисквити и одозгора се става 4 лажици од филот. На вториот ред се става 3х4реда -12 бисквити, фил, 8 бисквити, фил и 4 бисквити фил. Се декорира по желба. Јас ставив чоколадни срциња од бела чоколада.На здравје!