Превкусни колаченца, кои по вкус се како сладоледна торта. Уживавме во нив.

Подготовка -
1. Прво се подготвува основата со бисквити, врз мелените бисквити се додаваат останатите состојки, се соединуваат убаво и од смесата ставаме во книжни каписли (распоредени во калап за мафини).
2. Сладоледот се мати според упатството (во мојот случај со 200 мл ладно млеко). Нанесуваме и од сладоледот врз смесата со бисквити.
3. Оставаме во замрзнувач да се стегне сладоледот.
4. Одозгора ги шараме со растопено чоколадо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани