Ледени колачиња
Состојки
- Бисквитна основа
- 150 гр Бисквити со какао (мелени)
- 60 мл Сок од свежо исцеден портокал
- 75 гр Путер (растопен)
- 1 г.л. Шеќер во прав
- Плус треба -
- 1 пакетче Сладолед (од ванила)
- 200 мл Млеко (за матење на сладоледот)
- 50 гр Чоколадо (за горе)
Подготовка
Превкусни колаченца, кои по вкус се како сладоледна торта. Уживавме во нив.
Подготовка -
1. Прво се подготвува основата со бисквити, врз мелените бисквити се додаваат останатите состојки, се соединуваат убаво и од смесата ставаме во книжни каписли (распоредени во калап за мафини).
2. Сладоледот се мати според упатството (во мојот случај со 200 мл ладно млеко). Нанесуваме и од сладоледот врз смесата со бисквити.
3. Оставаме во замрзнувач да се стегне сладоледот.
4. Одозгора ги шараме со растопено чоколадо.
На здравје!