Во длабок сад ставете го брашното. Во средината направете вдлабнатина и ставете го квасецот, солта и малку шеќер. Ставете малку топла вода и оставете да се обработи квасецот, односно да стане пенест. Додајте го испасираното фета сирење и со топла вода замесете меко нелепливо тесто. Оставете го да стаса. Потоа размесете го на набрашнета површина и обликувајте долгнавеста форма на леб. Засечете го на неколку места и оставете го да нарасне.
Лебот печете го загреана рерна од 200 степени, додека убаво зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани