Ова кој не знае да меси, а сака да се впушта во авантурата на домашно спремен леб еве еден прелесен рецепт, ќе биде сигурно тој што ќе го меси вака презадоволен. Ракавицата веќе е фрлена... ќе сака да меси и по други рецепти за тесто, ќе му се разбуди љубопитноста. Можеби потешкотија ќе му биде само околу оформувањето кое сепак не е тешко... Еве ќе раскажам јас како се спрема, а тоа е по рецепт на мојата драга Анард која е навистина голем мајстор за било какво тесто. Јас сум и благодарна!
Значи вака
- Во садот во кој ќе месите ставете брашното, солта, шеќерот, изронете го свежиот квасец - измешајте. Додадете ја млаката вода во садот, земете вилушка (може и лажица) добро измешајте да се спојат состојките. Ќе добиете ретко тесто. Зависно од брашното можете да додадете уште 2 лажици брашно, но не повеќе. Оставете да стаса околу 30 мин.
- Постелете хартија за печење во тавката во која ке го печете лебот, добро побрашнете ја.
- Откако стасало тестото со шпатула истурете врз побрашнетата хартија, со побрашнети раце лесно оформете го лебот дали во векна или округол не е битно, покријте го, оставете да стаса повторно и печете го во веќе загреана рерна на 250 степени околу 20 мин.
Совет
Доколку сакате крцкава кора на лебот под тавата ставете сад со вода. Јас не ставам и секогаш сум задоволна и без водата во рерната.
Како што веќе забележавте, ова е мала количина на брашно, доволно за две особи, дури и ќе остане малку, ако сакате повеке да спремате - дуплирајте состојките.
Текстурата е слична на Чиабата, но не е. Мора да забележите дека овој вид на леб се спрема многу бргу за разлика од Чиабатата.
Доколку ви остане по садот во кој го месевте лебот убаво соберете со шпатулата, додадете му само брашно, оставете затворено во сад, дозволете да ферментира и секој ден додавајте по малку брашно и млака вода, нека стаса... па кога ќе имате доволно количина на веќе слободно можам да кажам природен квас... замесете леб кој јас го нарекувам Бескавасен - не му додавам никаков квасец друг, туку месам само со овој кој сум го спремала некогаш 7 дена го потхранувам, а некогаш и 15 дена секој ден по малку. Знам дека има посебно рецепти да се направи природен квас... но воопшто не е грешно и вака да се спрема. Услов е да се одржува температурата које сега во ова време не е ниту малку тешко.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани