Лебчиња со маслинки и кашкавал
1. Лебчињата ги сечиме на еднакви четири дела но не целосно. Ги мачкаме со маргарин внатрешно и надворешно, ги посолуваме со сол внатрешно и надворешно.
2. Кашкавалот го сечиме на правоаголни парчиња и по едно парче ставаме во секој дел од лебчето.
3. Во секој дел од лебчето ставаме по неколку исецкани маслинки.
4. Во внатрешноста и надворешноста напрашуваме од лукот во прав, биберот, пипрената сол, магдоносот и ориганото по малку.
5. Потоа врз секое лебче ставаме во средината по една лажица крем сир.
6. Секое лебче го напрскуваме по малку со маслиново масло.
7. На крајот ги ставаме во релна да се потпечат на темп. од 200 степени околу 15 минути.
Откако се готови можи да ги извадите и да ги оставите 5 мин. да се оладат.
Совет - Може да ставите и млад лук (ситно исецкан) доколку имате, бидејќи јас во моментот немав затоа немам ставено. Може да ги конзумирате со салата или манџа.
Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови