Лава леб со маслиново масло
Овој рецепт за убаво топло лебче ќе го започнам со представување на мојата нова тава лава т.е касерола.Ако нешто ме вратило во детството на убавите спомени поминати покрај бабиното огниште е токву оваа касерола и мирисот на печеното лебче во нејзе.Нешто многу слично на црепот и вршникот на огништето во селото на моите предци.Ви благодарам МР за подарокот...еве од мене една убава скромна презентација на леб со маслиново масло...
Подготовка.
Во поголем сад го потквасуваме квасецот со лажичка шеќер и неколку лажици брашно.Одкако квасецот ќе стаса го додаваме остатокот од водата и солта.Во течноста го додаваме и маслиновото масло и со постепено додавање на брашно замесуваме тесто кое кога ќе е готово ќе почне да ни се одлепува од садот за месење.За убаво компактно тесто треба и убаво замесување.Тестото го покриваме и го оставаме да стаса околу еден час.Повторно го размесуваме и го формираме во топка која ќе биде добро подбрашнена одоздола.Лебот пред да го ставиме во добро загреаната касерола го засекуваме по желба и го премачкуваме со маслиново масло.Печеме со затворен капак на 250степени петнаесетина минути.Потоа капакот го вадиме ја намалуваме температурата на 220 степени и печеме уште 20 до 30 мин.Лебот го вадиме на хартија и го покриваме со памучна крпа.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Со здравје да си ја користиш касеролата :-)