Кус кус со пилешко и зеленчук
Најпрвин подгответе го пилешкото.
Исечете го месото на мали коцки, посолете и наросете црн бибер.
Посолете го со брашното и убаво измешајте го.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте го пилешкото месо.
Откако ќе се запржи додајте го соја сосот, ворчестер сосот, кокосовото млеко и куркумата.
Пржете го на среден оган додека месото омекне.
Кускусот ставете го во длабок сад и прелејте го со топлата вода.
Покријте го садот и оставете да стои 10 минти, додека ја впие водата.
Подготовка на зеленчукот
Со помош на лупалка за компири, исечете го морковот и тиквичката на резанки.
Празот исечете го во вид на мали стапчиња.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее па додајте го зеленчукот.
Посолете и пржете додека зеленчукот омекне.
По 10 минути откако кус кусот ке ја впие течноста, размешајте го со вилушка, додајте го путерот и посолете.
Во чинија за сервирање ставете од кус кусот, одозгора од зеленчукот и на крај парчиња пилешко.
Лиценца: Сите права се задржани
Таце, во веро кај конзервираните овошја најчесто има кокосово млеко исто така во лименка