Еве еден предлог од мене за една погача, направена во тавче за куглоф, прекрасна на изглед, а секако и на вкус.

Подготовка
1. Најпрво квасецот, шеќерот, водата и 2 м.л. брашно ги ставаме во длабок сад, промешуваме да се раствори квасецот. Оставаме 10-на минути да се активира квасецот.
2. Потоа го додаваме млекото, маслото, жолчката, солта и брашното (просеано). Брашното додавајте го постепено, до замесување на средно меко, нелепливо тесто.
3. Садот со замесеното тесто го покриваме и го оставаме на топло место да стаса.
4. Стасаното тесто го делиме на 2 исти дела. Од секој дел расукуваме правоаголна кора (долга 50см, широка 20см). Кората ја виткаме како ролат, кој потоа го формираме во долг фитил (околу 75см, видете дополнителни слики).
5. Едниот фитил го премачкуваме со млеко, па го валкаме во бел сусам. Другиот фитил исто го премачкуваме со млеко, па го валкаме во мешавина од бел и црн сусам. Двата фитили ги плетеме како јаже. Ги ставаме во куглофот (премачкан со маргарин). Формираната погача ја покриваме и ја оставаме на топло да стаса.
6. Стасаната погача ја премачкуваме со жолчката и млекото. Одозгора ставаме парчиња маргарин.
7. Се пече во загреана рерна на 180 степени до заруменување.
Забелешка - Големината на куглофот е број 26.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани