Празнична Куглоф Погача (со сирење)
Доколку немате идеја за убава и вкусна празнична погача, тогаш би ви ја препорачала баш оваа погача, бидејќи брзо и лесно се подготвува, а нејзиниот вкус и изглед верувам дека никој нема да го остави рамнодушен. Пробајте ја!
Подготовка:
1. Најпрво го активираме квасецот со додавање на дел од млекото, шеќерот и 2 лажици од брашното. Потоа го додаваме останатото млеко, маслото за јадење, белката, солта, па на крај и постепено брашното (просеано). Од оваа смеса месиме тесто, кое потоа го оставаме да стаса.
2. Потоа тестото го делиме на 9 исти топчиња, секое топче го расукуваме во круг, а секој круг го сечеме на пола. На едната страна ставаме сирење, а на другата страна засекуваме со нож и завиткуваме (видете во дополнителните слики).
3. Сите 18 делчиња ги редиме во калапот за куглоф (број 26) премачкан со маргарин. Оставаме да стаса погачата, па ја премачкуваме со жолчката, ставаме сусам и ленено семе и на секое делче по едно парче маргарин. Печеме во загреана рерна на 200 степени. Откога ќе се испече, премачкајте ја со стопен маргарин.
Уживајте во мирисот и вкусот на оваа празнична погача!
Лиценца: Сите права се задржани
Sim ja napraviv kako pogaca, preubava e, fala za receptot i idejata, pozz :)
Поздрав