3
фев
2021
Крцкав наут
Вака подготвениот наут може да го користите како додаток во салата или едноставно да си го грицкате. Откако го имам Аир Фраер- от го печам во него, но може и во рерна да се пече во тава обложена со хартија за печење
1. Наутот го цедиме и миеме. Ги отстрануваме лушпите.
2. Наутот го ставаме во длабок сад ги додаваме зачините, маслиновото масло и лимонот. Промешуваме. Печеме во Delimano Air Fryer 15 минути на 200 степени. Проверете ги доколку сакате попечени и покрцкави може да го продолжите времето на печење.
Лиценца: Сите права се задржани