За сите љубители на похованата храна, еден лесен рецепт за поховани крокети со кашкавал и похован кромид во еден залак.

1. Компирите се сечат на половинки и се варат. Откако ќе се сварат се гмечат додека не се претворат во пире. (Најдобро е да се користи гмечалка бидејќи со миксер стануваат лепливи.)
Во пирето се додаваат сол, мелен бибер, оригано и 1 лажица маслиново масло и се заедно се меша.

2. Кашкавалот се сече на коцки, а кромидот на кругови со средна дебелина (од кои се одделуваат прстени).

3. Се зема од пирето, се става коцка кашкавал на средината и се формира топче кое се става во прстенот од кромид (кромидот треба да биде околу средината на топчето).

4. Вака подготвените топчиња се валкаат во брашно, во јајце и на крај во лебни трошки помешани со сусам.

5. Се пржат во претходно загреано масло (во тавата треба да има доволно масло за топчињата да бидат целосно покриени).

Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани