Крем чорба со топено сирење
И.... превкусна чорба,
Постапка
- Во 2 литара вода ставете да се варат исчистените и исецкани компир, морковот, празот и целерот. Нека се вари околу 30 мин. Откако ќе се свари извадете и испасирајте притоа додавајки го топеното сирење (зденка) - вратете назад во водата во која се вареа, додадете ја тестинината за супа (кратки макарони или други фигури кои вие ќе ги одберете). Додадете го и бујонот - коцката растворена во водата. Нека се сега сето тоа вари се додека не се сварат тестенините.
Кога е сварена тестенината осолете на вкус доколку сметате дека е потребно, додадете го биберот.
Превкусна чорба!
Напомена
- Доколку во вашето семејство имате некој што не го сака баш остриот вкус и мирис на целер, изоставете го коренот..но на крај сепак додадете по неко ливче - кога е века сварена. Има занимлив вкус.
- Имате две количини на вода 2 л. плус 1 л. за бујонот, не мора стриктно да се испочитува рецептот - сами ќе оценете дали ке треба да додадете или не... зависи од големината на компирите и врстата на тестенината која ке ја додадете.
- Кога ја правам некогаш додадам дополнително вода, некогаш едноставно само ја додадам коцката во супата - како што кажав - ако се помали компирите-не додавам вода односно ако оценам дека е доволно густа... не додавам тогаш.
- За празот сакам да кажам, ако се помали страковите праз - ставете ги сите, а ако се големи тогаш ќе биде доволно само 1 страк.
- Секогаш додавам топено сирење....
- Денес ја спремив со половина од состојките доддавајки кратки макарони.
- Не сум заборавила да напишам зејтин во состојките - едноставно -нема, целата работа ке ја заврши топеното сирење.
Па нека ви е слатко,
Лиценца: Сите права се задржани