2
апр
2015
Крем од кикирики и банана
Еве еден десертен крем (сега со само 2 состојки) кој го направив пак случајно (експериментално) и навистина излезе добро. Екстра брз, вкусен и заситувачки.
Кикириките (печени, несолени и крупно мелени) ги ставив во блендер, ги блендирав неколку минути додека да почнат да се претвораат во скоро леплив путер. Потоа ја ставив бананата и блендирав додека не се изедначи смесата.
Резултатот беше одличен.
Наместо печени, може да се стават и сурови излупени кикирики, ќе треба повеќе време да се сомелат, но тогаш ќе добиете супер суров крем.
Лиценца: Сите права се задржани