Крем Банана Коцки
1. Најпрво направете го филот за да има време да се излади. Значи ставете го млекото и шеќерот на оган, претходно одвојте малку од млекото за да ги растворете пудинзите, па откако ќе зоврие млекото, додадете го пудингот и постојано мешајте со лажица додека филот се згусти. Тргнете го од оган и оставете да се излади, а откако ќе се излади, уработете го маргаринот со миксер и соединете со филот.
2. Јајца и шеќерот пенасто изматете ги па додадете го брашното, пецивото, маслото и промешајте со лажица, па печете на 180 С, 20 минути во четвртаст плех.
3. Откако кората ќе се испече и олади, премачкајте ја со кремот. Бананите исечете ги на пола по должина и додадете го врз нив сокот од лимон за да не потемнат. 6 половини банани наредете ги врз кремот, значи по три банани во два реда. Па потоа врз нив се нанесува филот, па пак половините банани и врз нив се нанесува шлаг пената, која претходно се миксира со млекото.
4. Тортичката е многу лесна за правење, а за јадење уште полесна, спојот на кремот со банани е совршен, нареден пат само би ставила ореви во пандишпанот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови