6
мај
2022
Банана коцки
Вкусен, кремаст и здрав десерт .
Подготовка:
1. Основа- во блендер ги ставаме урмите и оревите, блендираме. Ги додаваме бананата и овесните снегулки, повторно блендираме. Во смесата додаваме и овесно брашно, кратко пулсираме со блендерот, за да се соединат состојките. Во сад со големина 20х20, претходно обложен со хартија за печење, ја натапкуваме смесата.
2. Фил- Во блендер ги ставаме бананите, какаото, кокосовото млеко, и стопеното темно чоколадо. Блендираме да се добие хомогена смеса. Филот го ставаме врз основата. Тортата ја ставаме во замрзнувач да стои неколку часа. Пред послужување ја оставаме 20тина минути на собна температура и ја сечиме.
Лиценца: Сите права се задржани