Кремаст колач со капини
Жолчите и јајцата се матат заедно со шеќерот. Се додава 1 лажица врела вода, брашното, ванилиниот шеќер и пецивото и добро се мешаат.
Во поголема тава за печење обложена со хартија ја печеме кората на температура од 180 степени 10-15 минути.
Откако ќе се испече кората се остава да излади и потоа се сече на три дела.
Белките се матат, а желатинот го потопуваме во ладна вода и се остава да отстои 10 минути. Пудингот го вариме со 8дл. вода и со 6 лажици шеќер. Додека е топол пудингот ги додаваме изматените белки, добро ги мешаме да се соединат па се додава омекнатиот желатин. Се добро се меша и смесата се дели на два дела. Во едниот дел ги додаваме испасираните капинки. Во четириаголен калап ја ставаме првата кора и се премачкува со кремот од капинки (4 лажици се оставаат настрана за глазурата). Потоа се става втората кора и ја премачкуваме со вториот дел од кремот. На крај се става и третата кора која ја премачкуваме со испасираните капинки. Колачот се става во фрижидер да отстои 3-4 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови