13
авг
2014
Кошнички од тесто полни со чоколаден фил
Најпрво се замесува тесто од горе наведените состојки и се дели на 8-10 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка и се става во метално калапче, претходно премачкано со путер.
Се ставаат во плех и се печат околу 15 минути.
Кога ќе се изладат малку се вадат од калапите и се полнат со вкусниот чоколаден фил.
За него најпрво се ставаат во мала касерола млекото и шеќерот да провријаат 2-3 минути и се додаваат меленирте ореви.
На страна се вари пудингот до згуснување и се трга од оган.
Во него се додава и путер и сето убаво сето се соединува.
Со овој фил се полнат корпите од тесто и се декорираат со гранче нане.
Лиценца: Сите права се задржани