Коцки со мак и чоколаден крем
За пандишпанот- се става млекото во сад на оган до степен на вриење и во него се додава макот, се промешува додека целосно не испари млекото. Се остава на страна да се олади.
Во друга сад се матат пенесто маргаринот и шеќерот, во нив се додаваат жолчките и се меша со миксер додека да се соединат. Потоа се додаваат сите останати состојки вклучувајќи го и макот. Накрај одделно се матат белките пенесто и тие се додаваат во смесата за пандишпан. Вака подготвениот пандишпан се пече во тавче 30*20 премачкано со зејтин и со брашно на 180 степени околу 40 минути.
За подготовка на кремот- Во сад на оган се става 500 мл млеко со шеќерот и чоколадата да зоврие. Во преостанатите 200 мл се ставаат прашокот за пудинг и се промешува додека добро да се растопи. Прашокот за пудинг се става во зовриеното млеко и се промешува додека да се згусне. Кремот се трга на страна да се олади.
Во длабок сад се става 100 гр. маргарин и се мати пенесто во него се додава една по една лажица од оладениот крем. И на крај во кремот се додава 100 мл изматена слатка павлака.
Вака подготвениот крем се става врз испечениот и оладен пандишпан.
Накрај се декорира со 100 мл. изматена слатка павлака со помош на шприц за декорација на торти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови