Корпички од обланда
Ова е повеќе идеја отколку рецепт, ама можеби ќе ви се најде и ќе го искористите во некоја прилика, па еве го како предлог.
1. Листот обланда го ставаме помеѓу мокри крпи да се навлажни за да може да се сече, значи да не биде премногу мека.
2. Јас имам округло калапче, па со него сечев кругови од обландата. Доколку немате вакво калапче, слободно земете си некое тањирче, обележете ја големината на кругот и со нож или ножички исечете кругчиња.
3. Наредете ги во калап за мафини и сушете ги во загреана рерна на 100 степени, доколку сакате да ви бидат веднаш подготвени, ако не тогаш слободно оставете ги во калапот и ќе се исушат сами по себе. Сушењето во рерна е околу 2-3 минути. Си ја задржуваат формата на мафините и се спремни за употреба.
Од еден лист обланда мене ми излегоа 12 корпички и секоја од нив собира по една голема топка сладолед. Можете да ги искористите и за полнење на смеси за колачи или пак некоја посува салата, предлогот е мој, изборот е ваш =)
Лиценца: Сите права се задржани