14
јан
2020
Корнфлекс колачиња (без печење)
Прво во блендер или на машина за мелење ореви се мелат 50 грама корнфлејкс и оревите.
На пареа се топи чоколадата со 50 грама маргарин. Откако ќе се стопи се полева врз мелениот корнфлекс и оревите. Кон ова додаваме и 2 лажици мед и 150 грама корнфлекс(не мелен). Сето заедно се меша и од добиената смеса се става во хартиени корпички. Се остава да се олади сосема и се ставаат потоа во фрижидер.
После неколку часови можете да се сладите со колачињата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови