11
окт
2016
Компир крокети со зелени маслинки
Претходно лупениот компир го ставаме да се вари и додаваме малку сол. Откако ќе се свари компирот го процедуваме и пасираме со вилушка. Така испасиран и оладен во компирот ги додаваме останатите состојки и убаво ги соединуваме. Смесата треба да биде малку леплива. На дланките ставаме брашно, земаме од смесата ја растегнуваме малку и на средината ставаме зелена маслинка и формираме крокети. секое парче го ставаме во брашно, јајце и презла. Во садот за пржење ставаме масло и 2 листа жалфија. Кога убаво ке се загрее маслото ги пржиме крокетите. Ги процедуваме на хартиена салфета па сервираме.