13
окт
2015
Компири со презла
Компирите спремени на овој начин ми се највкусни и најбрзи.
Се лупат компирите, се сечат на кругови, се ставаат во длабок сад и се додава масло, презла, оригано, мешан сув зачин и се се меша со раце.
Во тавче обложено со мрсна хартија се ставаат компирите и над нив се наросува уште презла. Се печат на 250 степени околу 15мин (проверете дали се омекнати) Ќе добиете прекрасни крцкави компири со мека внатрешност.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови