Ајде малку по Колумбија.
Овој рецепт го видов кај ЛуАн, одлучив да ги направам, но со прилгодени состојки. Оригиналниот рецепт уште разликува по состав на сирењето, патува на некои посебни врсти сирење,  јас не знам дали кај нас воопшто има такво сирење, па си вршев експиримент, за чудо - успеа, а дека е така се гледа од самите фотографии.

- Изрендајте го добро исцеденото пресно кравјо сирење на најситната страна од рендето. Додадете го и изренданото Фета сирење. Измешајте ги.
- Додадете густинот во кое сте измешале пецивото и солта, ренданата кора од лимон или лимета и повторно измешајте.
- Додадете шеќерот и ванила , измешајте за да сега ги скршите јајцата и почнете да месите. На крај домесете со стопениот и оладен маргарин.
- Треба да добиете убаво тесто како за леб, податиливо за работа.
- Формирајте од нив топчиња и пржете ги во длабок зејтин околу 20 мин.
Се пржат на зејтин кој кога ќе досстигне температура околу 160 степени, се ставаат топчињата да се пржат.
Послужете со некој сладок сос, нормално дека е добра комбинација и чоколадниот прелив.
Ако сте љубопитни како мене, впуштете се во оваа Колумбиска авантура, па да видеме што тоа тие толку слатко спремаат.
Совет
- Од моето искуство со овој рецепт ќе кажам дека додадов уште малку густин за да добијам фино тесто кое ќе дозволи формирање, а тоа се должеше на големината на јајцата, кај мене изгледа поголеми беа и мораше да се дотури густин.
- Ако пак добиете по ваша оценка тврдо тесто, додајте мааалку (лажица - две) млеко.
- Тешко ми е да поверувам дека некој има мерач за мерење на температурата на зејтинот, затоа на тивко ставете да се грее зејтинот, а дека е готов за да се стават овие фритули да се пржат ќе проверите така што рачката од дрвената бркалка ставете ја во зејтинот, ако почне да се прават меурчиња околу неа - значи зејтинот е готов, доволна е таа температура. Ставете ги фритулите. Не ги поколупувате, едностано ги гледате како тие танцуваат во зејтинот и си ја прават оваа прекрасна форма. Големината ја одредив црпејки со една лажица за која знам дека со неа одцрпено тесто во грамажа е околу 22 гр. тесто, а вие како сакате.
- Пожелно е да барем на два пати ги ставите да се пржат (значи во поголема касерола) ако пржите ставајки на повеќе пати , последните од самото пециво што одстојале нема да ја имаат оваа форма и ке испукаат.
- Ако успеете да ја одржите температурата, значи тивко пржење, времето за пржење кое го напишав е сосема доволно за нивна потполна готовност.
- Јас ги послужив со прелив кој го варев со мед, малку вода, на вкус шеќер, цимет, каранфилче, мускатно оревче, сок од портокал и го варев до одредена густина. Значи со што ќе послужите тоа си е ваш избор, иако по оригиналниот рецепт има и како да се спреми сос за нив, но бидејки пола состојки имаме овде пола немаме,  го поедноставив и ете јас си дозволувам да кажам дека и дури само медот е доволен.
Кое сирење го користев?
Имав подсирено сирење од предходниот ден, значи младо кравјо сирење, сеуште стоеше само увалкано во сол, го извадив и измив. Значи младо кравјо сирење и му додаов фета сирење.
Да не заборавам дека имав околу 50 гр, преостанато брашно од Тапиока кое е со слично на густинот, за да не стои така - го додадов и него.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани