Колпите,тегната пита или како и да е е една од традиционалните пити во нашиов крај и за сите кои ги сакаат овие домашни пити.
Еве како јас го правам тоа:
Брашното се сее низ сито, се додава солта и се замесува тесто со многу млака-умрена вода(малку морбидно звучи ама ке го пренесам рецептот како што сум го слушнала од постарите). Тестото се меси подолго време убаво да се изедначи да стане мазно затоа што тоа е основа за убаво истегнати тенки-прозирни кори. Замесеното тесто се покрива со крпа и се остава да одмори 30 минути.

За тоа време се подготвува филот.
Ако е со месо на вообичаен начин, а филот може да се менува по желба-сирење со јајца, праз, купус.
Одкако ќе се одмори тестото се дели на 5 парчиња од кои се формираат топки, а потоа од истите се сукаат корички.. Коричките се редат на покривка и се премачкуваат со зејтин. Се оставаат 10 минути да одморат, а за тоа време се подготвуваат тепсиите-се подмачкуваат со зејтин.
На маса со покривка се зема една од корите и потоа внимателно прво се растегнува на раце, а потоа се става на покривката. Со раце под кората внимателно се растегнува прво средината, а потоа се трга-влече од краевите. Одкако кората ќе се истегне се попрскува со зејтинот измешан со растопената маст или кој не сака маст може само со зејтин, се поросува со фил и заедно со покривката се мота кора од двете страни на масата и се рола во круг. Исто се постапува и со другите кори и потоа колпитето се попрскува одозгора со зејтин и се пече.
Одкако ќе се испече се вади од рерна и се попрскува со ладна вода, се покира со платнена салфета и се остава да здивне 10 минути, а потоа се служи.

Старите велат дека е најубава со маст и зејтин и јас го потврдувам тоа а секој по свој вкус се разбира. Постапката изгледа долга ама тенките кори се само резултат на добро измесено тесто. Од истото тесто се прават банички и бурек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела