Ставете го брашното во длабок сад за месење. Во средината направете кратер и ставете дел од топлата вода, квасецот, малку шеќер. Промешајте и оставете да запени. Додадете ги и останатите состојки за тесто, со тоа што 20 мл масло ќе чувате за крај кога со него ќе го домесите убаво тестото откако веќе еднаш сте го формирале. Така ќе добиете посјајно и поглатно тесто.
Покријте го садот и оставете на топло тестото да нарасти.

Од нараснатото тесто со намастени раце кинете парчиња колку орев или малку поголеми. Со рацете направете ваљак и свиткајте го како бројот 8.

Редете ги колачите ги во подмачкан плех и секое одозгора премачкајте го со масло. Украсете ги одозгора по желба или едноставно оставете ги така.

Печете на 180С додека не поруменат. Кога почнуваат да фаќаат боичка, отворете ја рерната и набрзина премачкајте ги со масло со помош на четче. Истото направете го и кога ќе ги извадите од фурна пред да ги покриете со платнена салвета.

* Мамо, биди ми здрава и жива уште долго време. Те сакам!
(посветено)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови