Подготовка:
Во мал сад ставаме путер и путер од кикирики да омекнат на тивок оган. Во друг сад ставаме јајца и шекер, ги матиме додека смесата не побели. Потоа постепено ги додаваме растопените путери, сол, сладок компир во пире, пециво брашно, лешници. Се убаво соединуваме и ставаме во ростер тава Делимано, ја ставаме тавата во загреана рерна од 200 степени и печеме 10-15 минути, потоа ја намалуваме температурата на 180 и печеме уште 10 минути. Испечениот колач оставаме малку да се олади. Во сад ставаме слатка павлака, шекер по вкус, матиме и додаваме крем сирење. Го ставаме филот на колачот и убаво го распоредуваме. Посипуваме мелени лешници, колачот го сечеме на коцки и сервираме.