Испечати

Колач со сладок компир и бел крем

Колач со сладок компир и бел крем

Состојки

  • За тесто
  • 250 гр шеќер
  • 220 гр путер
  • 2 лажички путер од кикирики
  • 220 гр брашно
  • 120 гр грубо мелен печен лешник
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/8 лажичка сол
  • 300-350гр печен благ компир
  • Бел крем
  • 100 мл слатка павлака
  • 200 гр крем сирење - филаделфија
  • 1-2 лажици шеќер
  • 30 гр лешник за посип

Подготовка

Подготовка:
Во мал сад ставаме путер и путер од кикирики да омекнат на тивок оган. Во друг сад ставаме јајца и шекер, ги матиме додека смесата не побели. Потоа постепено ги додаваме растопените путери, сол, сладок компир во пире, пециво брашно, лешници. Се убаво соединуваме и ставаме во ростер тава Делимано, ја ставаме тавата во загреана рерна од 200 степени и печеме 10-15 минути, потоа ја намалуваме температурата на 180 и печеме уште 10 минути. Испечениот колач оставаме малку да се олади. Во сад ставаме слатка павлака, шекер по вкус, матиме и додаваме крем сирење. Го ставаме филот на колачот и убаво го распоредуваме. Посипуваме мелени лешници, колачот го сечеме на коцки и сервираме.