28
сеп
2021
Колач со мед
Подготовка
1. Ги ставаме путерот, медот и шеќерот во тенџере на оган. Оставме смесата да зоврие, тргаме од оган и оставме да се лади.
2. Јајцата во посебен сад ги кршиме и ги матиме кратко со жица.
3. Брашното го просејуваме и го мешаме со пецивото и солта.
4. Јајцата ги додаваме во смесата со путер, мешаме, а потоа дел по дел го додаваме брашното. Изедначуваме со жица.
5. Ја истураме смесата во намрсен калап за печење (18цм) и печеме во загреана рерна на 160 степени, околу 40 минути.
6. Кога е печен колачот го вадиме од рерна и веднаш го премачкуваме со малку мед.
7. Оставаме да се олади пред послужување.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани